Раководството на Баерн Минхен започна преговори за нов договор со Џамал Мусиjала, пренесува „Спорт Билд“.
Членот на бордот на директори на Баерн, Макс Еберл, и спортскиот директор Кристоф Фројнд неодамна се сретнале со 21-годишната германска ѕвезда и неговиот агент за да разговараат за неговата иднина.
Сегашниот договор на Мусијала со клубот е до 2026 година. Германското издание тврди дека на младиот играч му било кажано дека се смета за наследник на Томас Милер и дека ќе биде користен како рекламно лице на клубот на меѓународниот пазар.
Почетните преговори поминале добро и се очекува играчот да потпише нов договор со баварскиот гигант и покрај сериозниот интерес од другите големи европски клубови.