Не е лошо како за „пензионер“: Шченсни се договорил со Барселона за плата од 3 милиони евра

Барселона ги договорила сите услови за соработка со Војќех Шченсни. Поранешниот голман на Арсенал и Јувентус ќе се врати од фудбалската пензија и до крајот на сезоната ќе настапува за каталонскиот клуб како замена за повредениот Германец, Марк-Андре тер Штеген.

Полскиот голман се повлече од фудбал пред еден месец, откако спогодбено го раскина договорот со Јувентус. Иако е слободен играч, бидејќи имаше договор со торинскиот клуб и за тековната сезона пред неговото раскинување, Барселона ќе мора да договори отштета за него, по што тој би се приклучил на новиот клуб.

Шпанските медиуми објавуваат дека Шченсни ќе потпише договор до крајот на јуни следната година, а за тоа ќе добие плата од три милиони евра, со можни бонуси.

- Оглас -

Најнови вести