Теренот на стадионот во Лондон буквално се деформира, најбогатиот клуб веднаш најави дека ќе помогне

Дуелот од англиската Лига 2 помеѓу екипите на Вимблдон и Акрингтон нема да се одигра во предвидениот термин бидејќи домаќините не можеа да најдат алтернативен терен откако нивниот стадион „Плау лејн“ е оштетен во поплавите.

По обилните дождови во Лондон, реката која тече во близина на стадионот „Плау лејн“ се најде поплавен. Вимблдон веќе одложи еден меч, и тоа против Њукасл во Карабао купот, кој ќе се игра на „Сент Џејмс парк“ во Њукасл на 1 октомври.

Токму од Њукасл, клубот кој ги има најбогатите сопственици, решија да му помогнат на Вимблдон и да донираат 15.000 фунти за санирање на штетата на теренот, каде што на еден дел буквално се има отворено кратер.

https://twitter.com/i/status/1838641826145705993

- Оглас -

Најнови вести