Англискиот гигант Манчестер јунајтед ги разочара своите навивачи на „Олд Трафорд“ откако одигра 1:1 против Твенте. Црвените ѓаволи беа апсолутни фаворити пред мечот, но на теренот, гостите од Холандија покажаа дека може да се одбранат.
Кристијан Ериксен погоди за 1:0 на Манчестер јунајтед во 35-тата минута, но Твенте во вториот дел покажа дека не се предава и со погодокот на Ламерс во 68-мата минута израмни на 1:1.
Двократниот европски првак Порто водеше со 1:0 на гости кај Бодо/Глимт, но на крајот загуби со 3:2 од норвешкиот тим.
Лацио беше најубедлив, и тоа како гостин против Динамо Киев, победувајќи со 3:0 во меч на кој двата тима добија по еден црвен картон. На гости се радуваше и Славија Прага, која со 2:0 беше подобра од Лудогорец.
Андерлехт дома со 2:1 го победи Ференцварош, а пред своите навивачи се израдува и Галатасарај, кој славеше со 3:1 над ПАОК. Во останатите мечеви: АЗ Алкмар – Елфсборг 3:2, Митјиланд – Хофенхајм 1:1, Ница – Сосиедад 1:1.