Менаџерот на Вест хем се повреди, од „Енфилд“ си заминал со патерици

Менаџерот на Вест хем, Хулен Лопетеги, се повреди за време на натпреварот од Лига купот против Ливерпул на „Енфилд“.

Чеканите беа декласирани со 1-5 и испаднаа, а за да им биде уште потешка вечерта на гостите од Лондон, се погрижи тренерот кој беше малер да се повреди. Лопетеги, кој има 58 години, сам си го повредил листот на ногата откако незадоволен од судиска одлука во второто полувреме скокнал и незгодно доскокнал.

На Лопетеги му била потребна лекарска помош и на прес-конференцијата се појавил куцајќи. Потоа Шпанецот бил виден како го напушта „Енфилд“ со помош на патерици.

Инаку, познати се осминафиналните двојки за Лига купот. Тоа се: Брентфорд – Шефилд вензди, Саутхемптон – Стоук сити, Тотенхем – Манчестер сити, Вимблдон/Њукасл – Челзи, Манестер јунјатед – Лестер, Брајтон – Ливерпул, Престон – Арсенал и Астон вила – Кристал палас.

Натпреварите ќе се одиграат во последната недела од октомври.

- Оглас -

Најнови вести