Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, во документарецот за неговиот живот на „Мовистар“, рече дека не би се согласил да води тим со тројца од најдобрите фудбалери на нашето време во списокот.
„Не би го тренирал ПСЖ со Меси, Нејмар и Мбапе во составот. Ако само тимот со најдобрите играчи на светот освојуваше титули, ПСЖ сега ќе имаше осум трофеи во Лигата на шампионите, а нема ниту една“, рече Енрике.
Енрике додека ја водеше Барселона, имаше едно друго пеколно трио составено од Меси, Нејмар и Луис Суарес, но тоа не му пречеше да ја освои Лигата на шампионите. Очигледно Енрике мисли дека соработката на Мбапе со јужноамериканските ѕвезди не била како таа на Суарес со нив.