Макс Мерштед од Хофенхајм, кој има 18 години, синоќа му се претстави на светот со својот прв погодок во кариерата, а голот на гостувањето кај Митјиланд од Лигата на Европа беше спектакуларен.
Макс призна дека имал и среќа, но не можеше да испадне подобро од ова, плус голот беше во 89-тата минута и го спаси тимот од пораз. За Мерштед ова беше само четврти меч во сениорската кариера, а веќе воодушеви со гол кандидат за наградата „Пушкаш“.
https://twitter.com/i/status/1839046153179963418