Клубот на Никола Јокиќ влезе во АБА 2 лига, во група е со македонски тим

Кошаркарскиот клуб Џокер ќе биде дел од АБА 2 лигата откако прифати да влезе во второто по ранг регионално балканско натреварување. Тимот на Џокер влегува буквално како џокер на местото на екипата Вршац, која се откажа од учество, и тоа непосредно пред одигрување на мечот од првото коло.

Џокер е клуб кој е во сопственост на еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Никола Јокиќ. Центарот кој доминира во НБА-лигата и е актуелен МВП со својот клуб од Сомбор првпат ќе биде дел од АБА 2 лигата.

„Амбициозниот КК Џокер ќе го пополни испразнетото место во АБА 2 лигата по откажувањето на КК Вршац“, стои во соопштението од АБА 2 лигата.

Џокер ќе биде дел од Ц групата, каде што во првото коло на 2 октомври ќе гостува во Подгорица. Во оваа група се и екипите на битолски Пелистер и Широки Бријег.

- Оглас -

Најнови вести