Ристовски и Адеми имаат нов тренер: Бјелица на местото на Јакировиќ во Динамо

Ненад Бјелица е наследникот на Сергеј Јакировиќ на клупата на Динамо Загреб. Поранешниот хрватски репрезентативец вторпат седнува на клупата на хрватскиот шампион откако претходно ги предводеше од 2018 до 2020.

Стефан Ристовски и Аријан Адеми останаа без тренер по дебаклот од Баерн Минхен со 9-2, но и домашниот пораз од Хајдук со 0-1. По смената на Јакировиќ, Динамо загуби од Славен Белупо со 4-1, па сега Бјелица ќе треба да го гаси пожарот во редовите на хрватскиот шампион.

- Оглас -

Најнови вести