Натпреварот од првенството на Колумбија меѓу Атлетико Насионал и Хуниор де Баранкиља во Меделин не го доживеа својот крај поради жесток инцидент меѓу навивачите на двата тима. Мораше да биде прекинат поради немири и големиот број повредени лица на стадионот.
Неколку лица се избодени со нож и се борат за живот откако дојде до хулигански пресметки на трибините, но и долу на теренот, а сето тоа се пренесе и околу стадионот.
Como permite la seguridad del estadio Atanasio Girardot dejar ingresar a personas armadas.
— Stiven Ramirez (@seafight3) September 27, 2024
Que vergüenza, que Atlético Nacional de Medellín y Junior de Barranquilla no controlen esto. pic.twitter.com/hRIlEgxAve
Мечот е прекинат во 65-тата минута, при водство на Атлетико Насионал од 2-0.
Ова е сведоштвото на фоторепортерот на весникот „Ел Тјемпо“, Хаивер Нието, кој за „Футболред“ раскажа како изгледале тие моменти на неизвесност и што точно се случило за време на тепачката меѓу навивачите на Атлетико Насионал и Хуниор де Баранкиља.
„Со вториот гол на Насионал, навивачите на Хуниор почнаа да ги напаѓаат навивачите на Насионал на северната трибина и таму започнаа тепачките. Навивачите на Хуниор извадија ножеви, тоа го направија и навивачите на Насионал, па почнаа да се напаѓаат со убоди. Одеднаш целата група на северната трибина на Насионал се упати кон навивачите на Хуниор и ги стиснаа во аголот, каде што започнаа да се удираат со тупаници и ножеви. Некои навивачи почнаа да скокаат од вториот на првиот кат. Тие што успеаја да ги фатат, ги соблекуваа и ги фрлаа без облека на теренот сè додека не влегоа припадниците на ЕСМАД (Мобилната антибунтовничка ескадра)“, изјави фоторепортерот.