3131 Црвена ѕвезда – Железничар Панчево (19.00 часот)
По убедливиот триумф во вечното српско дерби против Партизан, тимот на Црвена ѕвезда ќе продолжи во ист стил затоа што е огромен фаворит на домашен терен против Железничар Панчево. На овој меч се очекуваат најмалку четири гола.
Предлог: 1 & 4+ (1.75)
1801 Борусија Дортмунд – Бохум (20.30 часот)
Борусија Дортмунд во минатото коло доживеа дебакл на гости кај Штутгарт и сега тимот ќе треба да им се „извини“ на навивачите со победа против Бохум. На последните два меча на Милионерите беа постигнати по шест гола и речиси сигурно е дека ќе има многу голови на вечерашниот дуел во Дортмунд.
Предлог тип: 4+ (1.79)
3001 Милан – Лече (20.45 часот)
Милан на крилата на триумфот во градското дерби против Интер конечно треба да тргне напред во Серија А откако имаше лош старт на сезоната. Вечерва на „Сан Сиро“ доаѓа Лече, тим по мерка за нов триумф, кој се очекува да биде изразен најмалку со три гола.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.88)
1702 ПСЖ – Рен (21.00 часот)
Пари Сен Жермен во минатото коло го забележа првото реми оваа сезона во првенството на Франција, па сега избраниците на Луис Енрике ќе сакаат да им се вратат на победите. На „Паркот на принцовите“ гостува Рен, а се очекува триумф на ПСЖ и најмалку два гола во мрежата на гостите.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.59)
1536 Есторил – Спортинг Лисабон (21.15 часот)
Спортинг Лисабон е голем фаворит на дуелот против Есторил на гости. На досегашните шест меча во првенството на Португалија, тимот има максимални шест победи, а на последните два меча постигна по три гола. Сличен развој на настаните се очекува и на вечерашното гостување кај Есторил.
Предлог тип: 2 & T2 3+ (1.81)