Шок за Ливерпул: Трите најголеми ѕвезди си заминуваат, Салах ќе добие побогат договор и од Кристијано Роналдо

Поранешниот фудбалер на Астон вила, Габриел Агбонлахор, со својата изјава за англиските медиуми ги шокира навивачите на Ливерпул. Тој тврди дека Мохамед Салах на крајот од сезоната го напушта „Енфилд роуд“ и ќе потпише во Саудиска Арабија.

„Знам дека Салах на крајот од сезоната заминува. Моите извори велат дека од наредното лето Салах ќе игра во Саудиска Арабија. Тоа ќе биде рекорден договор. Ќе заработува повеќе и од Кристијано Роналдо. Освен тоа, ќе биде и заштитно лице на фудбалот во таа земја. Не можете тоа да го одбиете ако сте Мо Салах. Направи сè за Ливерпул, нели? Досега ќе потпишеше нов договор ако сакаше да остане, но ова е понуда која не може да се одбие“, вели Агбонлахор.

На крајот од оваа сезона не само што завршува договорот на Мохамед Салах, туку завршуваат и договорите на Вирџил ван Дајк и Трент-Александер Арнолд, па Црвените следното лето во својот состав ќе останат без трите најголеми ѕвезди.

- Оглас -

Најнови вести