Репрезентативецот на Мароко, Нусаир Мазрауи летово направи трансфер и за сума од 15 милиони евра си замина од Баерн Минхен и го облече дресот на Манчестер јунајтед. Мазрауи во Баерн помина две сезони во кои одигра вкупно 55 меча, но реши дека му треба нов предизвик и сега е дел од Црвените ѓаволи. Дефанзивецот вели дека овае напредок за него во кариерата, бидејќи Манчестер јунајтед бил поголем клуб од Баерн Минхен.
„Меѓународно гледано, Манчестер јунајтед е поголем клуб од Баерн Минхен“, рече Мазрауи, кој со ова свое мислење предизвика големи дискусии меѓу навивачите, посебно поради фактот дека дека Баерн Минхен има шест титули во Лигата на шампиони, а Манчестер јунајтед двојно помалку, односно само три.
Ако се погледнат трофеите на домашна сцена, Баерн Минхен доминира во Бундеслигата и ома освоено дури 33 шампионски пехари. И Манчестер јунајтед е најтрофеен во англиското првенство со рекордни 20 трофеи во домашниот шампионат.