Угледниот англиски магазин „The Athletic“, најавува дека Манчестер сити најверојатно ќе го добие судскиот спор против Премиер лигата, кој се однесува на ограничењата кои лигата сака да ги постави во врска со спонзорските договори на најмоќните и најбогати клубови во Англија.
Пред три години саудиското кралско семејство го купи Њукасл, a многу Англичани bea загрижени дека најбогатите сопственици би можеле да склучат спонзорски договори меѓу нивните клубови и нивните сопствени компании, што ќе овозможи вештачки да се зголемат буџетите на клубовите.
Токму затоа од Премиерлигата беше формирана комисија за испитување на реалната пазарна вредност на спонзорствата. Оваа година англиските медиуми открија дека Манчестер Сити поради ова ја тужел лигата, повикувајќи се на правото на слободен пазар. Според последните информации Сити најверојатно ќе го добие тој спор.
Претходно најавите беа дека Сити може да добие драстична казна поради прекршување на финасискиот ферплеј, па дури некои најави беа дека актуелниот англиски првак може да биде и избркан од Премиер лигата.