Мората и со истрижена глава дава голови, Тео се израмни со Малдини, Пулишиќ е незапирлив (Видео)

Милан води по првото полувреме со 3-0 против Лече, и најверојатно ќе освои три бода со кои привремено ќе се искачи на првото место на табелата во Серија А.

Првиот гол беше дело на Шпанецот Алваро Мората кој изненади многумина кога на „Сан Сиро“ се појави со истрижена глава „на нула“, но тоа не му пречеше токму со шут со глава да ја затресе мрежата на гостите.

Три минути подоцна, Французинот Тео Ернандес даде гол со кој се изедначи со Паоло Малдини на листата на најефикасни дефанзивци во историјата на Милан во Серија А. Двајцата имаат по 29 лигашки голови во црвено-црниот дрес.

Пет минути после голот за 1-0, падна и третиот со кој Лече беше дефинитивно разбиен. Стрелец беше Кристијан Пулишиќ кој игра во одлична форма. Американецот има четири гола и две асистенции.

Ова е голот на Мората:

 

- Оглас -

Најнови вести