Баерн Минхен има јасна цел да го задржи Џамал Мусијала в своите редови и тоа е една од примарните работи на клубот. Претседателот на најтрофејниот германски клуб, Херберт Хајнер вели дека интензивно се работи на тоа Мусијала да потпише нов договор со баварскиот гигант.
„Го сакаме Мусијала и тоа е јасно. Таков фудбалер како него се раѓа еднаш во векот. Очигледно е дека нашата основна цел е да му го продолжиме договорот и да го задржиме уште долги години во Минхен“, рече Хајнер.
Актуелниот договор на Мусијала со Баерн е до јуни 2026 година, а од Баерн очекуваат овој фудбалер целата кариера да ја одигра како нивни играч.