Солскјер призна: Грешка беше што го вративме Роналдо во Манчестер, но не смеевме да дозволиме да заигра за Сити

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед Оле Гунар Солскјер призна дека враќањето на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“ било голема грешка. Роналдо како слободен играч си замина од Јувентус во 2021 година, па реагираа од Манчестер јунајтед и го вратија во клубот каде се стекна со светска слава и во кој играше во периодот од 2003 до 2009 година.

Норвешкиот стратег открива дека од Јунајтед не сакале да се случи Роналдо да потпише за нивниот градски ривал Манчестер сити.

„Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот во последните 15 години. Играв со него, ги знам нивните квалитети. Тој играше за Јунајтед. Има историја во овој клуб. Си замина од Јувентус и не можевме да си дозволиме да оди во Манчестер сити. Тогаш веројатно ќе постигнуваше повеќе голови од тоа што дава Ерлинг Халанд сега. Разговаравме и дојде во Јунајтед. Мислам дека тоа ја расипа динамиката во соблекувалната. Некои играчи почнаа да се чувствуваат помалку важни“, рече Солскјер.

- Оглас -

Најнови вести