Викендов продолжи „проклетството“ кое трае речиси една деценија – кога Арон Рамзи ќе даде гол, да почине некоја позната личност. Така беше и овој викенд. Ремзи даде гол во ремито против Тотенхем, а тоа беше „кобно“ за легендарниот пејач на прославената група „Продиџи“, Кит Флинт. Фронтменот на „Продиџи“ денеска бил пронајден мртов во неговата куќа. Имаше 49 години. Смртта на Флинт веднаш се поврза со погодокот кој го даде Рамзи.
„Најбизарната работа која ја имам слушнато е дека луѓето умираат кога јас ќе дадам гол. Знам дека има многу случаи кога јас ќе дадам гол, познати личности да умрат, но тоа е само луда случајност“, рече Рамзи на оваа тема која е популарна речиси една деценија.
Митот за „проклетството“ на Рамзи започна во 2011 година, кога Велшанецот даде гол во дербито против Манчестер јунајтед, а следниот ден умре Осама бин Ладен. Оттука започна целата работа, а потоа се редеа случаите кога Рамзи ќе дадеше гол, а потоа умираа: Стив Џобс, Муамер Гадафи, Витни Хјустон, Пол Вокер, Робин Вилијамс, Алан Рикам, Дејвид Боуви, Барт Рејнолдс, Милош Форман, Стивен Хоукинс. Последен во низата е денешната смрт на Флинт.