Ливерпул со петтата победа сезонава се искачи на чело на табелата по шест кола во Премиер лигата. Црвените со 2-1 го победија „фенерџијата“ Вулверхемптон кој има само 1 бод.
Мохамед Салах од пенал го даде голот за 2-1 и тоа на половина час до крајот на средбата.
Сега Ливерпул е прв со 15 бодови, по 14 имаат Манчестер сити и Арсенал, а чекор со нив држи и Челзи кој има 13. Астон Вила утре игра со Ипсвич и ако победи ќе му се приклучи на Ливерпул на врвот.