Дуелот од турското првенство помеѓу Самсунспор и Гозтепе заврши со победа на домашните од 4-3, но гледачите иако имаа можност да видат седум гола, сепак останаа шокирани уште во првата минута од мечот. Фудбалерот на Гозтепе, Исак Соле и домашниот играл, Зек Јаврум, имаа страшен судир глава со глава уште во првата минута, по што гостинскиот фудбалер остана неподвижен да лежи на тревникот.
Веднаш интервенираа Медицинските екипи на двете екипи, а Соле со возило на итната помош беше хоспитализиран. Во соопштението на Гозтепе се вели дека нивниот фудбалер од удар изгубил свет и не е во животна опасност.
Isaac Solet, Zeki Yavru ile yaşadığı çarpışma sonrası ambulansla hastaneye kaldırıldı. #SAMvGÖZ pic.twitter.com/Gi54vINafh
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) September 28, 2024