Натпревари од Премиер лигата, Серија А и Ла Лига се дел од понудата со Квотите на денот на Sport Life. Квотите поединечно се движат помеѓу 1.95 и 2.20, но искомбинирани на еден тикет прават вкупна квота од 39.7.
Астон вила како фаворит патува на гостувањето кај Ипсвич, па квотата од 2.15 ќе биде добитна само ако екипата од „Вила парк“ не загуби, но и ако двете екипи постигнат барем по еден гол.
Рома е голем фаворит против Венеција, па доколку победи во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола, квотата од 2.15 ќе биде добитна.
Ефикасно се очекува да биде на мечот од Премиер лигата помеѓу Манчестер јунајтед и Тотенхем. Понудената квота од 2.00 ќе биде добитна само ако во првото полувреме има барем еден гол, но и најмалку два во вториот дел.
Понудената квота од 2.20 за мечот помеѓу Наполи и Монца ќе биде добитна само ако домашните имаат водство на полувремето и ако победат на крајот во меч на кој ќе бидат постигнати најмалку два гола.
Голови се очекуваат и на мадридското дерби помеѓу Атлетико и Реал, а доколку ги има помеѓу еден и три и во првото и во второто полувреме, тогаш квотата од 1.95 ќе биде добитна.