ФИФА ги претстави новите седум правила

Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска на Конгресот во Абердин ги претстави новите седум правила кои беа донесени, а ќе започнат да се применуваат. Иако се работи за правила кои не би требало премногу да го променат ритамот на фудбалот, интересно ќе биде како ќе делува примената на овие новитети.  Новите правила се:

  • Противнички играч не смее да биде дел од „живиот ѕид“ и тој мора да стои најмалку еден метар подалеку од него.
  • Кога голманот ќе изведе од петерец, противничкиот играч нема да мора да чека топката да го напушти казнениот простор, туку ќе може да влезе во шеснаесетникот веднаш штом голманот ја допре топката.
  • Секое играње со рака на висина поголема од раката ќе се казнува со пенал, без разлика дали постои намера или не.
  • Никако нема да смее да се признае гол постигнат со рака, макар тоа да биде и од ненамерно шутната топка во раката.
  • Тренерите и играчите кои се на клупата за резерви ќе добиваат жолти и црвени картони како и тие што се на теренот.
  • Играчите кога ќе треба да бидат заменети, ќе може да излезат од теренот од кое било место, а не како досега да мора да дојдат до средината на игралиштето.
  • Судиите веќе нема да бидат „невидливи“ кога ќе ја допрат топката. Ако топката се одбие од судија и еден од двата тима влезе во шанса за гол или постигне погодок, тој нема да биде признаен и топката ќе биде вратена на местото каде што судијата играл со топката.

 

- Оглас -

Најнови вести