Баерн Минхен објави нова информација за повредата на Хари Кејн

Хари Кејн ги загрижи навивачите на Баерн Минхен откако беше заменет во финишот на дуелот од Бундеслигата против Баер Леверкузен. Англискиот репрезентативец кој е прв стрелец на Баерн и до пред средбата со Фармацевтите даваше гол на секој меч, имаше сериозни болки во глуждот на ногата.

Од Баерн објавија дека тестовите што беа направени утрово, покажале дека тој напредува позитивно и ќе продолжи со интензивно лекување.

Не е јасно колку долго Кејн ќе биде надвор од терените и дали воопшто ќе пропушти некој меч, но најлошите можни сценарија се избегнати и Кејн нема сериозна повреда. Следниот меч на Баварците е против Астон Вила в среда од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести