Роналдо бара работници за во својот хотел во Мадрид, нуди месечна плата од 1.300 до 2.300 евра

Кристијано Роналдо има синџир хотели „Pestana CR7“, од кои еден се наоѓа во Мадрид, а неодамна најпопуларниот спортист на светот според рекордните бројки на следбеници кои ги има на социјалните мрежи, објави оглас со кој бара работници.

Се бараат работници за разни позиции во хотелот, од раководни позиции до келнери и носачи… Нагласено е дека кандидатите кои испраќаат апликации мора да имаат високо ниво на познавање англиски јазик, а пожелно е да знаат на барем еден дополнителен јазик.

Платата за позицијата менаџер која се нуди била 2.300 евра месечно, а на пример за келнерите 1.300 евра.

Покрај платата, вработените имаат покриено здравствено осигурување, бесплатни оброци во ресторанот, попусти за престој во хотел и многу други поволности. Откриено е и дека имаат одмор од 30 дена, со дополнителни 20 слободни денови.

- Оглас -

Најнови вести