Екипата на Трабзонспор дури во шестиот свој натпревар сезонава во турската лига, успеа за првпат да победи, и првпат да не одигра нерешено.
Тимот на Енис Барди денеска ја победи Коњаспор со 3-2, а капитенот на македонската репрезентација беше стартер и играше само во првото полувреме.
Во првите пет кола, Трабзонспор имаше пет нерешени игри, па затоа и покрај тоа што е еден од само трите непоразени тимови во лигата, на табелата е дури на деветто место со скромни 8 бода од шест меча.