Шкупи втор пат во само осум кола остана без тренер

Екипата на Шкупи ќе мора да бара нов тренер, откако досегашниот предводник Матија Мирков си поднесе оставка. Само неколку кола остана Марков на клупата на тимот од Чаир, а реши дека е време да си замине по денешниот пораз од Работнички со 2:1.

Мирков кој претходно беше помошник тренер во Шкупи, преку социјалните мрежи, најави дека се разделува со чаирчани:

„ Би сакал да им се заблагодарам на сите мои играчи, на целиот персонал и на раководството на клубот што ми дадоа шанса да работам со нив веќе речиси четири години. За мене беше задоволство целиот пат, давав 100% на секој тренинг затоа што навистина уживав. Како и да е, дојде време да си ги поделиме патиштата, па сакам да им посакам на сите во клубот се најдобро во иднина, со сето мое срце. Чувајте ги главите момци, светла иднина е пред вас“ напиша досегашниот стратег на Шкупи.

Шкупи втор пат по само осум кола ќе мора да бара нов тренер. Во досегашниот дел од сезоната чаиршани освоија девет бодови (две победи, три реми и три порази) и моментално се на седмото место на табелата, со дури осум бодови помалку од лидерот Шкендија.

- Оглас -

Најнови вести