Навивач постигна неверојатен гол од половина терен и си заработи 40.000 евра (Видео)

Навивач на Спарта Прага си заработи еден милион чешки круни (околу 40.000 евра), откако успеа да постигне гол со шут од половина терен на игралиштето. За време на полувремето, симпатизерот на Спарта беше избран да шутира од половина терен.

Предизвикот беше тежок, затоа што не требаше само да се погоди голот, туку точно да се протне топката низ една мала дупка. Навивачот без многу проблеми, со едно одлично ефе ја шутна топката која патуваше 50 метри и на крајот заврши на вистинското место за голема радост кај фановите на трибините и навивачот кој заслужено заработи 40.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести