Фенербахче со 2:0 славеше на гостувањето кај Анталијаспор во меч кој ќе се памети по неколку интересни ситуации. Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, го доби најбизарниот жолт картон во кариерата, и тоа по една негова постапка кога сакаше да им докаже на судиите дека грешат.
Един Џеко постигна гол за Фенербахче, но судиите го поништија поради офсајд, кој очигледно го немаше. Мурињо брзо реагираше, направи скриншот од акцијата по која беше постигнат голот и го постави на виделина пред камерите за да може судиите, но и гледачите да се уверат дека згрешиле и дека ситуацијата по која беше постигнат голот е регуларна.
По сигнализација од четвртиот судија, главниот арбитер ја сопре играта за да му покаже жолт картон на Мурињо, кој имаше краток коментар. „Џеко постигна чист гол. Позицијата беше регуларна“, рече Мурињо.
https://twitter.com/i/status/1840449312331039208
Овој спорен момент се случи при водство на Фенербахче со 1:0, а фаворитот до крајот постигна и втор погодок и заслужено стигна до победата. Поништениот гол не беше единствената спорна ситуација на овој дуел. На почетокот на средбата, Фенербахче беше во ситуација да даде гол, еден играч на домашниот тим ја исфрли топката од гол-линијата, но според некои кадри, ВАР-системот има погрешено и требало да има погодок.