Шокантен пораз на Реал Мадрид: Кралевите водеа со три разлика на 5 секунди до крајот, но… (Видео)

Кошаркарите на Реал Мадрид сензационално загубија на стартот од новото првенство во Шпанија и тоа на гостување кај Лејма Коруња со 86:85. Лејма Коруња е тим кој минатата сезона играше во втората лига во Шпанија и беше голем аутсајдер, но на крајот успеа да направи чудо.

Реал Мадрид од стартот на мечот ја имаше контролата на резултатот и поведе со 22:14, а на полувреме предноста на фаворитот беше седум поени (44:37). Реал водеше во текот на целата трета четвртина, најмногу со 14 разлика (54:40).

Во решавачката последна четвртина Реал водеше и со 79:70, но домаќините не се предадоа и прво намалија на 78:81, а потоа дојдоа на еден негатива (82:83). Реал водеше со 85:82, а последниот напад беше за Лејма Коруња. Домаќините постигнаа тројка на 1,3 секунди до крајот, а плус имаше фаул, што значеше и дополнително слободно фрлање, кое беше реализирано и на крајот Кралскиот клуб претрпе шокантен пораз од 86:85.

https://twitter.com/i/status/1840457926370300329

- Оглас -

Најнови вести