Тен Хаг: Манчестер не игра добро, но не планирам да си поднесам оставка

Манчестер јунајтед продолжува со очајните игри и резултати во Премиер лигата откако на „Олд Трафорд“ загуби со 0:3 од Тотенхем. По шест одиграни кола, Манчестер има освоено само седум бода и моментално е на 12-тото место на табелата. Црвените ѓаволи имаат постигнато само пет гола и единствено Саутхемптон е екипата која има постигнато помалку погодоци од тимот предводен од Ерик тен Хаг.

Холандскиот стратег на чело на Манчестер е разочаран од резултатите, но воопшто не размислува да си поднесе оставка.

„Треба да се справиме со ова и да покажеме издржливост. Не играме добро, мора да бидеме подобри. На следниот меч мора да бидеме пофокусирани“, вели Тен Хаг, кој од трибинтие на „Олд Трафорд“ ги слушаше скандирањата на навивачите „Уште ќе добиеш отказ“, но тоа не го засега.

„Не, воопшто не размислувам за оставка. Сите заедно решивме дека треба да останеме заедно“, додаде предводникот на Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести