Маестро Модриќ на 39 години направи нешто што не му успеа на ниту еден друг во Топ 5 лигите

Лука Модриќ уште еднаш покажа зошто е еден од ретките фудбалери во историјата кој и со наполнети 39 години игра во Реал Мадрид. Хрватскиот виртуоз на дербито против Атлетико Мадрид покажа дека може да доминира и со двојно помладите играчи на теренот покрај него.

Модриќ беше стартер и одигра 85 минути, буквално доминирајќи на средината од теренот. Хрватот имаше 72 допири со топката, а направи 58 додавања и сите беа прецизни, што е рекорд сезонава во Топ 5 лигите.

Ниту еден играч сезонава во најсилните пет лиги немал биланс да има повеќе од 40 додавања и сите тие да бидат прецизни, а Модриќ тоа го направи во дербито со Атлетико и имаше дури 58 прецизни пасови кон своите соиграчи.

- Оглас -

Најнови вести