Усман Дембеле е најголемата ѕвезда на ПСЖ во овој состав, но нема посебен третман кај тренерот на Светците, Луис Енрике. Францускиот репрезентативец иако имаше одличен старт на сезоната, сепак откако не успеа да исполни неколку тактички замисли на тренерот на мечот против Рен (3-1), беше заменет во 82-рата минута.
Француските медиуми денес објавуваат дека Дембеле е исфрлен од екипата на ПСЖ и дека нема да биде во конкуренција за мечот со Арсенал во Лигата на шампионите, и тоа поради недисциплина.
Луис Енрике е лут поради тоа што францускиот репрезентативец не ги слушал неговите совети, а тоа можеше да се забележи и за време на мечот против Рен.