Дени Илиев е голман на најефикасниот тим во развојната лига во Англија, а и вечерва на дуелот што Арсенал го играше со Свонси беше ефикасно.
Нашиот репрезентативец прими два гола во првото полувреме и Свонси набрзина поведе со 2-0 како гостин, но најефикасниот тим во младинската лига на Англија врати со иста мерка.
Само за 180 секунди, Балогун и Торми постигнаа голови и израмнија на 2-2, па сега Арсенал со 36 голови е топ-тимот според постигнатите голови.
Проблем за Илиев, кој е стандарден на голот на младинците на Арсенал, е што одбраната е лоша, па имаат примено 35 голови, со што се трет најлош тим во конкуренција на 12 екипи.