Изненадување од Реал, Мбапе може да игра против Лил, но Куртоа е повреден!

Реал Мадрид ја објави листата на кандидати за настап на гостувањето кај Лил в среда, а на списокот неочекувано се најде и Килијан Мбапе.

Ѕвездата на Реал има повреда која требаше да го оддалечи од терените неколку недели, но закрепнува побрзо од прогнозите и ако утре тој тренира нормално со остатокот од тимот, в среда би можело да одигра барем едно полувреме на гостувањето против тимот за којшто игра неговиот брат Етан.

Лоша вест за европскиот првак е повредата на голманот Тибо Куртоа. Куртоа нема да патува во Лил, па на голот на Реал ќе биде Андриј Лунин, кој конечно ја дочека шансата да дебитира сезонава. Повредата на левата нога на Куртоа не е тешка, тој би се вратил на голот по репрезентативната пауза (веројатно на 19-ти октомври против Селта или 22 против Борусија Дормтунд) и би требало сигурно да биде спремен за Ел Класико на 26 октомври.

- Оглас -

Најнови вести