Таткото Срѓан откри каде ќе живее Новак Ѓоковиќ по завршувањето на кариерата

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, има куќи и станови во Монте Карло, Мајами, Њујорк, шпанската Марбеља, нo кога ќе заврши со тениската кариера, ќе се врати да живее во родниот Белград. Ова го тврди неговиот татко Срѓан во интервју за еден српски медиум.

„Тука се родени моите деца и Новак кога ќе ја заврши тениската кариера, ќе живее во својот град, Белград, во својата земја Србија. Мислам дека нема поголемо задоволство, гордост и успех од тоа вашето дете да ја шири славата на својот народ и својата земја низ целиот свет“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести