Почина харизматичната НБА икона Дикембе Мутомбо

Легендарниот конгоански кошаркар Дикембе Мутомбо ја загуби битката со туморот на мозокот и почина на 58-годишна возраст во својот дом во САД.

Мутомбо ја одбележа славната НБА-ера во 90-тите години, па и во 2000-тите. Беше еден од најдобрите центри во својата генерација, особено во одбраната, каде што доминираше во блокирањето. Беше миленик на навивачите поради неговата харизма, познат по својот рапав глас, африкански акцент и „мафтање со прсти“, негов заштитен знак на паркетот кога по успешна блокада покажуваше со прст кон противниците велејќи им дека не можат да постигнат кош преку него.

Мутомбо беше роден во Киншаса, ДР Конго, во 1966 година. Кога имал 21 година, отишол во САД да игра кошарка на колеџ. Денвер нагетс го избраа како четврти пик на драфтот во 1991 година. Играше и за Атланта хокс, Филаделфија севентисикстерс, Њу Џерси нетс, Њујорк никс и Хјустон рокетс.

Во историјата на НБА, само Хаким Олајџувон има повеќе блокади од него. Тој беше висок 218 сантиметри, а неговиот дрес е повлечен во Хокс и Рокетс.

Мутомбо со сопругата Роуз имаа три заеднички деца и уште четири деца на починатите браќа на Роуз кои ги посвоија во 1996 година.

- Оглас -

Најнови вести