Манчестер јунајтед ќе мора да му плати околу 17,5 милиони фунти обештетување на менаџерот Ерик Тен Хаг доколку клубот од „Олд Трафорд“ сега реши да го отпушти Холанѓанецот.
Според новинарот на „Goal“, Ричард Мартин, оваа сума е околу половина од она што Црвените ѓаволи го заштедија по кратењето на 250 вработени во обид да ги намалат вишокот трошоци.
Ако го избркаа во јуни, пред да потпише нов договор, Ѓаволите ќе му платеа „само“ 10 милиони фунти.
По поразот во неделата, овојпат од Тотенхем со 0-3 на домашен терен, се предизвика нов бран шпекулации за иднината на Тен Хаг.
Холанѓанецот ќе го води Јунајтед на гостувањето кај Порто во Лигата на Европа, а потоа и против Астон вила во Премиер лигата. Потоа следува пауза за репрезентациите кога ќе се преиспита неговата иднина. Ако Манчестер ги загуби и овие два меча, можно е Тен Хаг да биде разрешен.