Судијата Дарко Радески е херој на викендот, спаси живот на фудбалер (Видео)

Судијата Дарко Радески спречи можна трагедија на вчерашниот натпревар од Третата лига – Запад помеѓу Речица и Доброште, откако домашниот фудбалер Блертон Шабани по удар на топката со глава, лошо паднал удирајќи со главата в земја, по што загубил свест.

Инцидентот се случил на стартот од второто полувреме. Судијата брзо стигнал до повредениот и веднаш го ставил на страна. Радески знаел што треба да прави, веднаш му го извадил јазикот на несреќникот со цел да спречи гушење и спречил трагичен епилог.

Според податоците од записникот, фудбалерот не бил заменет, туку продолжил да игра.

„Фала му на Господ што навремено забележав дека фудбалерот ја загуби свеста и што бев во негова близина за да му помогнам“, изјави судијата Радески на Мнет телевизија.

- Оглас -

Најнови вести