Барселона потпиша нов договор со талентираниот Марк Бернал и му постави клаузула од 500 милиони евра

Барселона потпиша нов договор со талентираниот играч за врска, Марк Бернал.
Како што се вели во клупското соопштение, Бернал потпиша договор до јуни 2026 година, но потоа автоматски ќе биде продолжен до 2029 година, кога ќе се исполнат одредени услови.

Марк Бернал е дефанзивен играч од средниот ред кој ова лето блесна за време на претсезоната под водство на Ханси Флик, но за жал, заработи тешка повреда на коленото поради која ќе паузира една година.

Барселона одлучи да му понуди нов договор за да му укаже максимална доверба за време на долгиот процес на рехабилитација.

Исто така, Барселона постави недостижна откупна клаузула која ќе изнесува дури 500 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести