Нејмар по пауза од една година се врати на тренинг (Фото)

Бразилскиот фудбалер Нејмар по долга пауза конечно се појави на тренинг во саудискиот клуб Ал-Хилал. Тој речиси една година е надвор од теренот поради тешката повреда на левото колено.

„Среќен сум што конечно се вратив на тренинг“, објави Нејмар.

Бразилецот дојде во Ал-Хилал минатата година, а потоа на 17 октомври се повреди на натпреварот против Уругвај во дресот на Бразил. По една година рехабилитација, Нејмар сега е подготвен за враќање на теренот.

- Оглас -

Најнови вести