Баерн Минхен сака да го купи Алисон Бекер

Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата со голманот на Ливерпул, Алисон Бекер. Триесет и едногодишниот Бразилец ова лето беше поврзуван со трансфер во Саудиска Арабија, а се очекува и следната година повторно да добие понуда од Блискиот Исток.

Баерн има одредени грижи околу својот прв голман Мануел Нојер и веќе разгледува потенцијални замени за него, но ако сакаат да го ангажираат Алисон следното лето, ќе мора да платат висока сума. Се смета дека тренерот на Баварците, Венсан Компани, многу ги цени квалитетите на бразилскиот чувар на мрежата уште од периодот кога беше менаџер на Барнли.

Ливерпул веќе се подготвува за можната замена на Алисон бидејќи се засили со грузискиот репрезентативец Георги Мамардашвили од Валенсија. Дваесет и тригодишниот голман ќе им се приклучи на Црвените следната година.

Алисон пристигна на „Енфилд“ од Рома во 2018 година. Оттогаш Бразилецот се етаблираше како еден од најдобрите светски голмани, а со Ливерпул успеа да освои трофеи во Премиер лигата, ФА купот, две Лига куп титули, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство, под водство на Јирген Клоп.

- Оглас -

Најнови вести