Тешки зборови кон Ерик тен Хаг: „Идиотски е да платиш 50 милиони за фудбалер кој нема поим“

Легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен не штедеше зборови за да го искритикува својот сонародник Ерик тен Хаг, кој е тренер на Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи изминатиот викенд загубија од Тотенхем со 0-3, па сега Тен Хаг е под голем притисок, можеби и пред отказ.

„Го видов новиот фудбалер, Угарте, кој е платен 50 милиони евра. Шеташе наоколу. Се прашувам како е тоа можно? Идиотски потег на Тен Хаг да инвестира во фудбалер кој нема поим. Кажете ми барем еден врвен фудбалер во Манчестер јунајтед? Во секој клуб има барем по еден, но во Јунајтед нема. Рашфорд е исклучително лош. Бруно Фернандеш е добар играч, Онана е добар голман и тоа е тоа. Каземиро е готов, Гарначо солиден, но клубот нема фудбалер кој ќе ги поведе“, рече Ван Бастен.

- Оглас -

Најнови вести