И покрај забраната: Навивачите на Црвена ѕвезда пристигнаа во Милано! (Фото+Видео)

Италијанската полиција забрани гостински навивачи на мечот од Лигата на шампионите помеѓу Интер и Црвена ѕвезда. Причина за ваквата одлука се нередите кои се случија на мечот помеѓу репрезентациите на Италија и Србија.

Сепак, дел од навивачите на Црвена ѕвезда успеаја да пристигнат во Милано и со песна и факли да се упатат кон хотелот во којшто се сместени фудбалерите на Црвено-белите.

Делиите вечерва нема да може да го следат натпреварот од трибините, па најавија дека ќе го гледаат мечот низ улиците на Милано, а тоа може дополнително да ја вжешти атмосферата и да отвори голема работа за италијанската полиција.

- Оглас -

Најнови вести