Поранешниот белгиски интернационалец Еден Азар ја заврши кариерата само на 32 години, откако имаше неуспешна авантура во Реал Мадрид. За разлика од него, Мохамед Салах сè уште игра и е најдобар фудбалер на Ливерпул. Двајцата беа дел од Челзи, а еден против друг одиграа многу натпревари.
„Мо Салах е многу подобар фудбалер од мене“, одговори Азар на прашањето кој од нив двајца е подобар, па продолжи:
„Игравме кога тој уште беше во Базел. Игравме во Лигата на шампионите и тогаш бевме воодушевени. Потоа го купивме. Моравме да купиме таков играч, беше предобар. Во фудбалот има подеми и падови, но она што Мо го направи со Ливерпул навистина е неверојатно. Мора да го почитувате“, рече Азар.