Пет натпревари од Лигата на шампионите се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Поединечно квотите се движат помеѓу 1.95 и 2.60, додека искомбинирани на еден тикет прават вкупна квота од 53.9.
Најголемата квота во оваа понуда, 2.60, е за мечот помеѓу Салцбург и Брест, а ќе биде добитна само ако домашната екипа успее да постигне помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Арсенал ја има фаворитската улога против ПСЖ, а квотата од 2.25 ќе биде добитна само ако „топчиите“ постигнат барем еден гол во првото полувреме, но и најмалку два на целиот натпревар.
Понудената квота од 1.95 за мечот помеѓу Баер Леверкузен и Милан ќе биде добитна само ако домашните не загубат во натпревар на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола.
Борусија Дортмунд е голем фаворит против Селтик на домашен терен и од нив се очекува победа. Доколку успеат во тоа, но и ако има најмалку по еден гол во двете полувремиња, тогаш квотата од 2.10 ќе биде добитна.
Погледите на навивачите на Црвена ѕвезда се насочени кон Милано и мечот против Интер, а ако на „Џузепе Меаца“ биде „ГГ и 3+“, тогаш квотата од 2.25 ќе биде добитна.