Типувањето за шестото коло од седмата сезона на бесплатната Спортска прогноза може да почне, а рокот до кој може да прогнозирате е сабота, 14 часот.
Во основната 13-ка има девет саботни и четири неделни мечеви. Според имињата на клубовите, оние четири дуели од недела се поатрактивни и попредизвикувачки за прогнозирање.
Жирона на Бојан Миовски го пречекува Атлетик Билбао, Астон вила е домаќин на Манчестер јунајтед, в недела е и лутото градско дерби Севиља – Бетис, а интересно ќе биде и во Италија, на дуелот Фиорентина – Милан.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека ако имате две утки, 11-ката ви носи ваучер од 500 денари.
Треба да се типуваат и двата резервна пара, тие се пресметуваат во трката за генералниот пласман.