Човек кој знае како е да се игра против Старата дама! Вака на клупскиот сајт на Лајпциг го почнуваат интервјуто со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Дијамантот играше во италијанската Серија А за Наполи помеѓу 2019 и 2023 година, и играл против Јувентус (утрешен противник на Лајпциг во Лигата на шампионите) повеќе пати отколку кој било друг актуелен играч на Црвените бикови.
„Секогаш е тешко да се игра против италијански тимови, особено против Јувентус, еден од најголемите тимови во земјата. Сум играл против нив неколку пати и свесен сум колку можат да бидат опасни. Тие се бранат многу добро, што може да се види од моменталната статистика, но во нападот тие се исто така многу флексибилни и претставуваат вистинска закана, сè на сè, тие се добар тим. Со нетрпение го очекувам натпреварот, особено што ќе играме пред нашите навивачи“, вели Елмас.
Голови се чекаат од Бенџамин Шешко од Лајпциг и Душан Влаховиќ од Јувентус, а Елмас направи споредба на Словенецот и Србинот.
„Имаат неколку заеднички квалитети, но тие се различни типови на играчи. Мислам дека Шешко е технички подобар, додека Влаховиќ внесува многу физика во неговата игра. И двајцата се фантастични напаѓачи и мислам дека ниту една одбрана не сака да игра против нив, хахаха. Шешко е помлад, па одвај чекам да видам како ќе се развива во иднина“, додава Елмас.