Ќе има тениски спектакл во Пекинг, Синер закажа финална пресметка против Алкарас

Италијанецот Јаник Синер е вториот финалист на АТП-турнирот во Пекинг, каде што ја брани титулата. Синер успеа да го победи кинескиот тенисер Бу Јунчаокете со резултат 2:0 во сетови (6:3, 7:6).

Синер беше сигурен во првиот сет, успевајќи со еден направен брејк во вистински момент да дојде до водство. Во вториот сет, Бу прикажа многу подобра игра и беше постабилен на свој сервис. Сетот се одлучи во тај-брејк, каде што Синер покажа ментална сила, поведувајќи со 6:1 и на крајот лесно го затвори сетот.

Со ова, турнирот во Пекинг го доби најдоброто можно финале, во кое ќе се соочат двајцата тенисери кои оваа година ги освоија сите четири гранслем-титули. Јаник Синер, освојувач на ОП на Австралија и ОП на САД ќе игра против Карлос Алкарас, шампионот на Ролан Гарос и Вимблдон.

Претходно, Алкарас во првото полуфинале го совлада Данил Медведев со 2:0 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести