Големите европски гиганти немаа милост кон своите ривали кои уште пред почетокот на дуелите ја имаа улогата на апсолутни аутсајдери. Борусија Дортмунд беше најубедлива и со 7:1 го победи Селтик. Уште во првото полувреме германскиот тим имаше убедливи 5:1, а Карим Адејеми беше во фокусот постигнувајќи три гола. Во второто полувреме, Милионерите постигнаа уште два погодоци за една од најубедливите победи во ЛШ.
Барселона со 5:0 пред своите навивачи го победи Јанг бојс. Роберт Левандовски постигна по еден гол во двете полувремиња, а мрежата на противникот ја тресеа и Рафиња и Мартинес, додека на крајот Камара си даде автогол.
Победи со по 4:0 славеа Интер и Манчестер сити. Италијанскиот првак на „Џузепе Меаца“ немаше проблеми против Црвена ѕвезда, додека Сити на гости го победи Слован Братислава.
Во мечевите кои требаше да бидат многу поинтересни, германскиот првак Баер Леверкузен со 1:0 славеше над Милан, а ПСВ и Спортинг ремизираа 1:1. Арсенал со 2:0 го победи Пари Сен Жермен.