Роберт Левандовски беше вистински лидер на теренот за Барселона во убедливата победа од 5:0 над Јанг бојс. Полскиот голгетер постигна по еден гол во двете полувремиња, потврдувајќи зошто е еден од најдобрите напаѓачи во последните десетина години.
По бројот на постигнати голови, Левандовски е трет најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите, веднаш зад Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Можеби Левандовски не може да ги достигне Роналдо и Меси по бројот на погодоци во елитното друштво, но тој е голгетерот со најдобар просек на постигнати погодоци во елитното натпреварување на УЕФА.
Левандовски постигнува по 0,79 погодоци на меч во ЛШ, со што се израмни со просекот на Лионел Меси, кој е најдобар според оваа листа, исто така со 0.79 погодоци на средба.
Роналдо е трет на оваа листа со 0,77 погодоци по натпревар. На оваа листа во Топ 5 се уште и Руд ван Нистелрој со 0,77 погодоци на меч, ист просек како Роналдо. Карим Бензема е петти на оваа листа со просек од 0.59. Сите овие петмина играчи имаат над 50 погодоци дадени во ЛШ.
0.79 – Players with the best goal ratio in @ChampionsLeague (at least 50 goals scored):
0.79 – ROBERT LEWANDOWSKI 🇵🇱
0.79 – Lionel Messi 🇦🇷
0.77 – Cristiano Ronaldo 🇵🇹
0.77 – Ruud van Nistelrooy 🇳🇱
0.59 – Karim Benzema 🇫🇷Classics. 🎩 pic.twitter.com/j3Bz5k11R8
— OptaJose (@OptaJose) October 1, 2024
На дуелот против Јанг бојс, Левандовски ја надмина и бројката од 50 погодоци во Лигата на шампионите постигнати откако има наполнето 30 години. Тој е само втор фудбалер со ваков подвиг. Роналдо е далеку прв на оваа листа со 68 погодоци постигнати откако наполнил 30 години.